Tools

Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Вести
Четврток, 23 Фев 2012

Конечно Маслиново Масло во Македонија

Е-пошта

Maslinovo MasloСакаме конечно официјално да се пофалиме дека Золива заедно со сестринската фирма во Дојран Км Компани се во фаза на реализирање на долго очекуваното Македонско маслиново Масло кое полека но сигурно ке почне да го завзема своето заслужено место во секој македонски дом како и пошироко на балканот.

Со оглед на фактот дека најголемиот број на медиуми ја пренесоа оваа вест ние за сега ке ви ги пренесеме само нивните статии со најава дека следува детално објаснување за целиот проект како и многу детали околу тешкиот пат кој го поминавме како и за долгата реализација на овој проект кој е пред нас...




Утрински Весник  - Дојран ке произведува Маслиново Масло

Вечер - Во Дојран ке се произведува Маслиново Масло

Кирилица - Дојран прв производен погон за Маслиново Масло

Курир - Македонија ке произведува Маслиново Масло

Press24 - Наскоро Маслинов зејтин од Македонија?

БркајРабота - Македонија ке произведува Маслиново Масло

Канал 77 - Дојран ке стане прв производен погон за Маслиново Масло

Сител - Дојран ке стане првиот производен погон за Маслиново Масло

МТВ 1 - Дојран ке стане првиот производен погон за Маслиново Масло

МК-Фондови - Дојран ке стане првиот производен погон за Маслиново Масло

Алфа - Дојран ке стане првиот производен погон за Маслиново Масло

Золива во Нов Магацински/Преработувачки центар

Е-пошта

Nov Magacin ZolivaЗолива Лтд. се сели во нов магацински и преработувачки центар во Скопје.

После скоро три годишно константно зголемување на побарувачката за Дојранските Маслинки Золива Лтд. се реши да се пресели во поголем и подобро опремен дистрибутивен центар во кој ке има и преработувачки капацитет за новите Вакумирани Кралски Маслинки кои ветивме дека ке ги пласираме на домашниот пазар кон крајот на 2011 година.

Новиот магацин е опремен по врвни стандарди за квалитет на производство како и одржување на маслинката. Истиот е комплетно изолиран, сместен 4 метри под земја за да може да се одржи константна температура од 15-20 степени за време на жешките лета како и студените зими што ни овозможува константен квалитет на маслинката.

Поголем канцелариски простор, посебно место за секој тип на роба, можност за поголема залиха, услови за доработка на маслинката како и фактот дека истиот е направен следејки ги најновите заштити и стандарди се само дел од предностите кои ги нуди овој магацин.

Новиот магацин истотака има дел кој ке биде наменет за пакување на маслинката која ке се носи од Дојран како би можеле побрзо да одговориме на вашите потреби како и да почнеме нашата маслинка да ја пакуваме во помали пакувања кои се надеваме дека ке се најдат на полиците на сите поголеми супер маркети во Македонија пред крајот на оваа година.

Дистрибутивниот и Преработувачки центар на Золива Лтд. во Скопје е лоциран веднаш наспроти магацините на Макинвест во Скопје. Локацијата ни овозможува најбрзо да стигнеме до нашите клиенти во Скопје како и низ Македонија.

Соновник за Маслинка

Е-пошта

SonoviКоја е поврзаноста помеѓу напите Дојрански Маслинки и вашите соништа:

Маслиново Масло

Ако сонувате Маслиново Масло тоа значи дека имате желба работите во вашиот да се движат многу полесно. Најверојатно ви е потребно да подмачкате некои аспекти на вашиот живот за да поминете без проблеми. Од друга страна истото може да значи дека имате желба да покажете повеќе љубов и разбирање во вашиот живот.

Маслинки

Да видите маслинки во вашите соништа најчесто симболизира бессмртност или моќ да ги надминете сите ваши проблеми. Гранка со маслинки најчесто симболизира помирување, мир и надеж. Да видите или да носите круна од маслинови ливчиња значи дека ќе имате сила да ги преминете сите препреки и ќе најдете решение за вашите проблеми.


- Стебло на Маслинка : среќа, добивка, љубовна авантура

- да јадеш Маслинки : непријатни љубовни игри

Страница 1 од 4