Золива Лтд. се сели во нов магацински и преработувачки центар во Скопје.
После скоро три годишно константно зголемување на побарувачката за Дојранските Маслинки Золива Лтд. се реши да се пресели во поголем и подобро опремен дистрибутивен центар во кој ке има и преработувачки капацитет за новите Вакумирани Кралски Маслинки кои ветивме дека ке ги пласираме на домашниот пазар кон крајот на 2011 година.
Новиот магацин е опремен по врвни стандарди за квалитет на производство како и одржување на маслинката. Истиот е комплетно изолиран, сместен 4 метри под земја за да може да се одржи константна температура од 15-20 степени за време на жешките лета како и студените зими што ни овозможува константен квалитет на маслинката.
Поголем канцелариски простор, посебно место за секој тип на роба, можност за поголема залиха, услови за доработка на маслинката како и фактот дека истиот е направен следејки ги најновите заштити и стандарди се само дел од предностите кои ги нуди овој магацин.
Новиот магацин истотака има дел кој ке биде наменет за пакување на маслинката која ке се носи од Дојран како би можеле побрзо да одговориме на вашите потреби како и да почнеме нашата маслинка да ја пакуваме во помали пакувања кои се надеваме дека ке се најдат на полиците на сите поголеми супер маркети во Македонија пред крајот на оваа година.
Дистрибутивниот и Преработувачки центар на Золива Лтд. во Скопје е лоциран веднаш наспроти магацините на Макинвест во Скопје. Локацијата ни овозможува најбрзо да стигнеме до нашите клиенти во Скопје како и низ Македонија.
