Золива Лтд. е основано во 2008 година и полека но сигурно се пробива на домашниот како и странскиот пазар со продажба на Кралските Маслинки кои се единствени брендирани македонски маслинки.
Нашиот капацитет на самиот старт беше 100 тона годишно а истиот секоја година го зголемуваме за 50 нови тони маслинка којашто ја пласираме на домашниот како и на странскиот пазар за да во 2011 стигнеме до максимален капацитет од преку 300 тони маслинка којашто планираме да ја пласираме на македонскиот пазар. Со продажбата на овие 300 тони маслинка Золива Лтд. ке осигура 20% од вкупниот пазар на маслинки во Македонија полека прераснувајки во бренд кој многу луге почнуваат да го препознаваат и ценат поради неговиот стандардизиран вкус и квалитет.
Дојранската Маслинка своите почетоци ги има во 1995 година кога единствениот технолог за производство на Маслинка во Македонија Киров Киро кој своето знаење го стекнал во Грција, Сирија и Шпанија одлучил да го започне првиот насад на маслинки во Македонија. До 2008 година Дојранската Маслинка се продаваше под брендот на КМ Компани - Кралска Маслинка од кога Золива Лтд. и оригиналната фабрика за производство и продажба на Дојрански Маслинки КМ Компани од Дојран решија да се обединат за да можат заедно да го продолжат градењето на брендот Дојранска Кралска Маслинка
со подигање на нови насади, опремување на производната линија како и формирање на Дистрибутивна и Продажна мрежа којашто има за цел да ја донесе Дојранската Маслинка во секој дом.
Во 2009 година Золива Лтд. отпочна со продажба на два нови бренда на маслинки а тоа се Дојранската Специјална Маслинка којшто за разлика од Кралската е помалку солена и полуферментирана маслинка како и Дојранската Блонд Маслинка којашто е целосно ферментирана маслинка но којашто за разлика од Кралската е со посветла, кафена боја и со различен вкус. Во 2010 година ние исто така почнавме да ја продаваме и Золива Каламата Маслинката којашто е друга сорта на маслинки којашто е карактеристична по заоблената семка и изразито црвената боја. Во 2011 година ние ке почнеме да го продаваме и Золива Маслиновото Масло кое би требало да се најде на нашиот пазар во третата четвртина од 2011 година.
Нашите планови во наредниот период вклучуваат доизградба на постоечкиот производен погон во Дојран со што би биле во можност да ја прошириме нашата палета на производи како и изградба на сосема нов Дистрибутивен и Административен центар во Скопје со што ке бидеме во можност уште побрзо да стигнеме до домовите на нашите потрошувачи.
