Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Производи » Золива Блонд Маслинка
Вторник, 20 Ное 2018

Золива Блонд Маслинка

Е-пошта

Zoliva Blond Maslinki

Золива Блонд Маслинките се порано берени маслинки од сортата Амфиса коишто наместо изразито црвената боја којашто ја имаат Кралските маслинки имаат кафено-жолтеникава боја.

Блонд маслинките се берат први од дрвата и тоа најкасно до крајот на Октомври за да останат недозреани и го заджат специфичниот вкус после ферментацијата. Поради фактот дека маслинката е несозреана шеќерите кои ги содржи потешко се разложуваат и таа ферментира околу 10-12 месеци.

На крајот од ферментацијата блонд маслинката останува малце потврда маслинка, помалку солена и многу подиетална маслинката којашто најчесто се служи во салати за да го обедини зеленчукот со својот вкус.

 

Десет Золива Блонд Маслинки со средна големина во просек содржат само 30 Калории и воопшто не содржат Холестерол. Блонд маслинки исто така се богати и со Калциум, Бакар, Железо, Магнезиум, Фосфор, Потасиум, Селениум, Содиум, Цинк, како и Витамин А, Витамин Б-6, Витамин Е и Витамин К.

Маслинката исто така содржи и многу елементи кои го зголемуваат имунитетот. Според многу истражувања маслинката помага при борбата со ракот. Фенолот кој може да се најде во маслинката беше понуден како еден од првите лекови против Свинскиот Грип.

Золива Каламата Маслинка можете да ја најдете во нашите магацини како и во магацините на нашите партнери во вакум пакување од 750грама и 2килограми како и во следниве рефус пакувања: