Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Производи » Золива Специјална Маслинка
Вторник, 20 Ное 2018

Золива Специјална Маслинка

Е-пошта

Zoliva Specijalni MaslinkiДојранската Специјална Маслинка е полуферментирана, кафена, полусолена маслинка од сортата Хондролиа-Халкиди..

Золива Лтд. го следи трендот на произведување на подиетални и помалкукалорични производи. За прв пат во Македонија ние нудиме природно ферментирана маслинка којашто содржи за 50% помалку калории но сепак не е никако вештачки ферментирана или преработувана. Специфичниот начин на производство на оваа маслинка овозможува истата да биде потврда, посна и помалку солена маслинка којашто е многу полесна за конзумирање.

Специјалната Маслинка за разлика од Кралската ферментира само 3-6 месеци, е помалку солена и калорична и многу им помага на лугето коишто боледуваат од срцеви или проблеми со крвниот притисок.

 

Карактеристична е по тоа што според изгледот наликува на маслинките од сортата Каламата затоашто е поиздолжена од Кралската Маслинка но според семката и вкусот многу е поблиску до маслинките од сортата Амфиса. Темно кафената боја ја прави леснопрепознатлива на полиците а специфичниот вкус ја издвојува од сите други маслинки во Македонија.


Десет Дојрански Специјални Маслинки со средна големина во просек содржат само 20 Калории и воопшто не содржат Холестерол. Специјалните маслинки исто така се богати и со Калциум, Бакар, Железо, Магнезиум, Фосфор, Потасиум, Селениум, Содиум, Цинк, како и Витамин А, Витамин Б-6, Витамин Е и Витамин К.

Маслинката исто така содржи и многу елементи кои го зголемуваат имунитетот. Според многу истражувања маслинката помага при борбата со ракот. Фенолот кој може да се најде во маслинката беше понуден како еден од првите лекови против Свинскиот Грип.

Дојранската Специјална Маслинка можете да ја најдете во нашите магацини како и во магацините на нашите партнери во вакум пакување од 750грама и 2килограми како и во следниве рефус пакувања: