Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Вести
Вторник, 20 Ное 2018

Маслинарството во Светот

Е-пошта

Maslinkite vo SvetotМаслинката е едно од најодгледуваните овошја во светот. Според светстки статистики во 2009 година преку 9,9 милиони хектари земјиште биле насадени со маслинки додека ни половина од тие површини не биле посадени со јаболки и банани. Според организацијата за Храна и Земјоделие при Обединетите Нации 95% од маслинките се одгледуваат во Медитеранот со исклучот на Аргентина која се наоѓа во Јужна Америка. Најголемите 10 производители на Маслинки во светот се:

1. Шпанија со 6,204,700 тони маслинка

2. Италија со 3,600,500 тони маслинка

3. Грција со 2,444,230 тони маслинка

4. Турција со 1,290,230 тони маслинка

5. Сирија со 885,942 тони маслинка

6. Мароко со 770,000 тони маслинка

7. Тунис со 750,000 тони маслинка

8. Египед со 500,000 тони маслинка

9. Алжир со 475,182 тони маслинка

10. Португалија со 362,600 тони маслинка

Водич за органско производство

Е-пошта

Vodic za Organsko Proizvodstvo na MaslinkiСакаме да ви го претставиме водичот за органско произвоство на маслинки кој што е издаден од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на република Македонија во 2007 година.

Водичот е подготвен од страна на експертска група предводена од М-р. Фиданка Трајкова а во којашто истотака учествуваат многу експерти од Земјоделскиот факултет при Универзитетот "Гоце Делчев " од Штип, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Групата за развој на потсекторот Домати и Пиперки од Скопје.

Овој водич претставува голем чекор кон прифаќањето на маслинката и маслинарството во Македонија. Истиот има за цел да ги обучи сите луге кои се заинтересирани да станат индивидуални одгледувачи на маслинки како и за сите кои сакаат подобро да се запознаат со маслинарството.

Лугето позади овој водич се потрудиле да го објаснат целиот процес од садење, одржување, берба, ферментација па се до превентивни мерки и болести кои можат да ја зафатат маслинката.

"Упатството за работа е наменето за сите чинители кои учествуваат во процесот на производство на маслинки, организирано според принципите на органското земјоделско производство. За советниците, претставува корисен извор на информации, а за земјоделците точни упатства за тоа на што треба да посветат посебно внимание за да се стекнат со сертификат за органски производ." (Водич за органско производство,8)

Органското производство на маслинки во Македонија е со голем потенцијал во Македонија затоашто условите за истото се идеални. Маслиновите насади се во мал број такада болестите се сеуште ретки во Македонија а незагаденоста на нашата природа допринесува до лесно одржување на дрвото по правилата за органско производство на маслинка.


Водичот можете да го превземете во .pdf формат на следниов линк.

Министерство за земјоделие, Шумарство и Водостопанство - Водич за Органско производство на Маслинки

Mаслинки против стрес и настинка

Е-пошта

Granka Maslinka

Маслинката е библијска билка, позната од многу одамна. Таа се споменува во Библијата како симбол на мир и добронамерност, но и како симбол на животот и надежта. За старите народи, маслинката била симбол на мудроста. Ова зелено овошје успева само во јужните, топли краеви, бидејќи веќе на 10 степени Целзиусови угинува.

Првите маслинки се насадени речиси пред повеќе од 6000 години, и од тогаш се високоценети во исхраната, медицината и козметиката.

Најценет е плодот на маслинката, кој се јаде сиров или конзервиран. Но, маслинката својата популарност ја стекнала и поради маслото, кое се наоѓа во нејзиниот плод. Плодовите на маслинката содржат дури 35% масло, кое не е само зачин, туку и природен лек. Поради неговите благотворни својства, маслиновото масло се нарекува и „медитеранско злато”.

Маслинките ги содржат витамините А, Б1, Б2 и Б6, фолна киселина, пантотенска киселина и витамин Ц. Тие се богати и со минералните состојки: магнезиум, калциум и калиум, како и со микро елементите: фосфор, сулфур и железо.

Маслинките се добри против стресот и против настинките. Со нивното конзумирање се намалуваат вредностите на LDL холестеролот, се јакнат срцето и крвотокот, се активираат жолчката и црниот дроб, се ослободува од отрови, се намалува крвниот притисоки се ублажуваат ревматските болки.

Од неодамна е откриена уште една корисна состојка на маслинките - екстрактот флавоноид, или олеуропеин, кој и го дава горчливиот вкус. Оваа супстанција содржи значаен спектар на полифеноли, кои ги сузбиваат и неутрализираат слободните радикали во организмот.

Страница 3 од 4