Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Вести
Вторник, 20 Ное 2018

Македонија Идеална за Одгледување на Маслинки

Е-пошта

Nasad na Maslinki Маслинката е издржливо растение кое не бара многу специјални услови но едно од многу важните е да надворешната температура не се симне под -10 степени. Со промената на климата во нашата држава полека но сигурно се поголеми површини во јужните краеви на Македонија можат да се насадат со маслинки.

„Ние дури отстапуваме по квалитет во позитивна смисла на зборот од Грција, од месноста Халкидики. Спрема тоа, сметам дека има далеку повисок квалитет. Неслучајно, Грците доаѓаат, земаат од кај нас, инаку би земале од кај нив“ изјави Киро Киров, технолог во нашата фабрика за производство на маслинки за А1 телевизија.

Со 210 сончеви денови, медитеранска клима во јужните предели и добар систем за наводнување маслинарството може многу брзо да се прошири во Македонија. Годишно ние конзумираме преку 4000 тони маслинка што значи минимум 8 милиони евра се одлеваат од Македонија само за маслинки, а истите можат да се одгледуваат кај нас па дури можеме да станеме извозници поради подобриот квалитет како и поефтината работна рака во Македонија.

Многу држави како Грција и Сирија вложуваат во маслинови насади кои ги делат на локалното население за да ги обработува а со тоа го зголемуваат стандардот на живеење и извозот. Истите маслинови насади полека ке повлечат уште многу други вработувања во преработувачки фабрики како и погони за складирање, амбалажирање и дистрибуција на маслинките.

„Или да не ослободат во противвредност за освојување на тие површини или, пак, да ни платат за освојување на тие површини, или државата да ги освои површините, па да ни ги додели“ , додаде Киров.

Маслинката - кралица на дрвата

Е-пошта

За маслинката се зборувало низ сите епохи. За нејзините лековити и хранливи својства нема споредба во ниеден друг плод. Сега маслинките се одгледуваат и кај нас.

Maslinovo Drvo

Во Гевгелиско, Дојранско, Валандовско одгледувањето маслинки може да стане дејност со големо значење. Маслинките од нашите дрва стигнаа на трпезите. Пробајте најдете ги. Маслинката постои практично отсекогаш, повеќе илјади години таа се култивира и заедно со виното била главна стока за размена низ историјата. За нејзините својства има многу приказни и легенди раскажани низ вековите. Маслиновото масло е тренд што забрзано се шири низ светот.

Повеќе...

Золива Лтд. Поблиску до Вас

Е-пошта

За да можеме да се доближиме до нашите партнери како и до нашите потрошувачи Золива Лтд. го создаде овој веб портал преку кој ке може да ги претставиме нашите најнови производи.


Исто така преку овој портал ке се потрудиме да ги едуцираме сите за хранливоста на маслинката како и за најновите начини на производство и одржување кои се употребуваат во нашата фабрика како и во нашите магацински и дистрибутивни центри ширум Македонија.

По ваше барање исто така сме во процес на создавање на Facebook и Twitter fanpage со кои што планираме уште повеќе да се приближиме до нашите потрошувачи преку двете најголеми социјални мрежи.

Добредојдени се сите ваши коментари, комплименти, поплаки како и идеи за проширување на овој веб портал. Како да стапите во контакт со нас ке може да дознаете тука.

Золива Лтд.
Производство и Продажба

Страница 4 од 4