Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Производи » Золива Каламата Маслинка
Среда, 12 Дек 2018

Золива Каламата Маслинка

Е-пошта

Zoliva Kalamata MaslinkiЗолива Каламата Маслинката е природно ферментирана, црна маслинка од сортата Каламата.

Каламата маслинката има изразито црвена боја којашто може да премина и во скоро црна доколку истата е правило и природно ферментирана. Препознатлива е највеќе по својата кукаста форма и семка. Каламата маслинката содржи многу повеќе месо од нормалната маслинка што во исто време ја прави многу повкусна и побогата.

За разлика од другите маслинки Каламата маслинката најчесто се служи сама или пак со парче сирење затоашто нејзиниот вкус е доволен и не и треба никакви други додатоци. За разлика од другите маслинки истата знае да биде посолена и покалорична но ако саката да припазите на количеството на сол што го внесувате истата можете да ја измиете со вода пред да ја конзумирате.

За жал иако константно пробуваме маслинката од сортата Каламата сеуште неможе да успее во нашите јужни делови па истата сме приморани како суровина да ја увеземе од Грција. Откако таа ке пристигне штотуку набрана од Грција истата поминува најмалку 12 месеци природна ферментација и контрола под окото на нашите врвни Дојрански техничари коишто секојдневно го проверуваат нејзиниот процес, вкус и цврстина.

 

Десет Золива Каламата Маслинки со средна големина во просек содржат само 50 Калории и воопшто не содржат Холестерол. Каламата маслинки исто така се богати и со Калциум, Бакар, Железо, Магнезиум, Фосфор, Потасиум, Селениум, Содиум, Цинк, како и Витамин А, Витамин Б-6, Витамин Е и Витамин К.

Маслинката исто така содржи и многу елементи кои го зголемуваат имунитетот. Според многу истражувања маслинката помага при борбата со ракот. Фенолот кој може да се најде во маслинката беше понуден како еден од првите лекови против Свинскиот Грип.

Золива Каламата Маслинка можете да ја најдете во нашите магацини како и во магацините на нашите партнери во вакум пакување од 750грама и 2килограми како и во следниве рефус пакувања: