Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Вести » Македонија Идеална за Одгледување на Маслинки
Понеделник, 14 Окт 2019

Македонија Идеална за Одгледување на Маслинки

Е-пошта

Nasad na Maslinki Маслинката е издржливо растение кое не бара многу специјални услови но едно од многу важните е да надворешната температура не се симне под -10 степени. Со промената на климата во нашата држава полека но сигурно се поголеми површини во јужните краеви на Македонија можат да се насадат со маслинки.

„Ние дури отстапуваме по квалитет во позитивна смисла на зборот од Грција, од месноста Халкидики. Спрема тоа, сметам дека има далеку повисок квалитет. Неслучајно, Грците доаѓаат, земаат од кај нас, инаку би земале од кај нив“ изјави Киро Киров, технолог во нашата фабрика за производство на маслинки за А1 телевизија.

Со 210 сончеви денови, медитеранска клима во јужните предели и добар систем за наводнување маслинарството може многу брзо да се прошири во Македонија. Годишно ние конзумираме преку 4000 тони маслинка што значи минимум 8 милиони евра се одлеваат од Македонија само за маслинки, а истите можат да се одгледуваат кај нас па дури можеме да станеме извозници поради подобриот квалитет како и поефтината работна рака во Македонија.

Многу држави како Грција и Сирија вложуваат во маслинови насади кои ги делат на локалното население за да ги обработува а со тоа го зголемуваат стандардот на живеење и извозот. Истите маслинови насади полека ке повлечат уште многу други вработувања во преработувачки фабрики како и погони за складирање, амбалажирање и дистрибуција на маслинките.

„Или да не ослободат во противвредност за освојување на тие површини или, пак, да ни платат за освојување на тие површини, или државата да ги освои површините, па да ни ги додели“ , додаде Киров.