Золива Лтд.

Вие сте тука: Почетна » Вести » Водич за органско производство
Среда, 12 Дек 2018

Водич за органско производство

Е-пошта

Vodic za Organsko Proizvodstvo na MaslinkiСакаме да ви го претставиме водичот за органско произвоство на маслинки кој што е издаден од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на република Македонија во 2007 година.

Водичот е подготвен од страна на експертска група предводена од М-р. Фиданка Трајкова а во којашто истотака учествуваат многу експерти од Земјоделскиот факултет при Универзитетот "Гоце Делчев " од Штип, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Групата за развој на потсекторот Домати и Пиперки од Скопје.

Овој водич претставува голем чекор кон прифаќањето на маслинката и маслинарството во Македонија. Истиот има за цел да ги обучи сите луге кои се заинтересирани да станат индивидуални одгледувачи на маслинки како и за сите кои сакаат подобро да се запознаат со маслинарството.

Лугето позади овој водич се потрудиле да го објаснат целиот процес од садење, одржување, берба, ферментација па се до превентивни мерки и болести кои можат да ја зафатат маслинката.

"Упатството за работа е наменето за сите чинители кои учествуваат во процесот на производство на маслинки, организирано според принципите на органското земјоделско производство. За советниците, претставува корисен извор на информации, а за земјоделците точни упатства за тоа на што треба да посветат посебно внимание за да се стекнат со сертификат за органски производ." (Водич за органско производство,8)

Органското производство на маслинки во Македонија е со голем потенцијал во Македонија затоашто условите за истото се идеални. Маслиновите насади се во мал број такада болестите се сеуште ретки во Македонија а незагаденоста на нашата природа допринесува до лесно одржување на дрвото по правилата за органско производство на маслинка.


Водичот можете да го превземете во .pdf формат на следниов линк.

Министерство за земјоделие, Шумарство и Водостопанство - Водич за Органско производство на Маслинки